Виктор Осимен само пред два дена потпиша нов договор со Наполи, но речиси сигурно е дека на крајот од сезоната ќе си замине од Неапол.
Осимен со новиот договор доби поголема плата, но исто така е вметната и откупна клаузула, која изнесува 130 милиони евра, сума која не претставува никаков проблем за заинтересираните екипи.
Според италијанските медиуми, договорот бил потпишан со цел да се вметне откупната клаузула за заинтересираните екипи да не бидат принудени да преговараат со сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Според нив, во пол-позиција за потпис со Осимен по завршување на сезоната е Челзи и наводно агентот на фудбалерот веќе имал разговори во управата на Сините.
„Откупна клаузула? Договорот е деловна тајна. Ќе видиме што ќе правиме следното лето, прво ќе зборуваме со Наполи и ќе ја донесеме одлука. Минатото лето пристигнаа неверојатни понуди, но одлучивме да останеме во Наполи“, изјави агентот на напаѓачот.