Осимен се договори со Ал-Ахли, ќе формира супер напад со Фирмино

Нигериецот Виктор Осимен ја прифатил понудата на Ал-Ахли за плата од 160 милиони евра за четири сезони.

Напаѓачот на Наполи сакаше да замине во ПСЖ, но парижаните не беа толку загреани за него, па Осимен бираше меѓу понудите на Ал-Ахли и Челзи. Саудијците му нудат четири пати повеќе пари, а сега останува само уште да се договорат со Наполи за отштетата (веројатно сумата ќе биде околу 85 милиони евра).

Ал-Ахли е подготвен во договорот да вклучи и клаузула за ослободување, што би можело да го олесни враќањето на Осимен во Европа од 2025 година натаму.

За силниот клуб од Џеда до лани играше и Езџан Алиоски, а главни ѕвезди се Фирмино, Кеси, Демирал и голманот Менди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести