Осимен зад себе ги остави Меси и Роналдо

Наполи го живее сонот за кој чекаше повеќе од 30 години, а тоа е да биде во позиција да стигне до титулата во Серија А. Еден од најзаслужните за одличните игри на Наполи е Виктор Осимен. Голгетерот на Наполи нема милост кон противничките одбрани, па сезонава постигна 19 погодоци во 23 настапи во сите натпреварувања.

На последниот дуел против Сасуоло, Осимен постигна гол кој беше јубилеен 100-ти за него во професионалната кариера. За да се израдува на 100 погодоци, на Осимен му беа потребни 197 натпревари, податок кој покажува дека е подобар во однос на двајцата фудбалери кои ги одбележаа овие 20 години во светскиот фудбал, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

На Меси му беа потребни 210 натпревари за да стигне до 100 погодоци, а Роналдо мораше да одигра 301 дуел за да се израдува на 100 гола во кариерата. Тоа значи дека ако Осимен продолжи во ист ритам, може да дојде рамо до рамо со најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести