Осимхен за 60 секунди го нокаутира Баерн среде Минхен и донесе радост за Наполи и Елмас

Наполи и Елиф Елмас остварија убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Баерн Минхен во контролниот натпревар, а македонската ѕвезда како стартер го одигра целиот натпревар на „Алијанц арената“. Наполитанците го нанесоа третиот пораз во четвртиот пријателски меч на Баварците, кои со новиот тренер Џулијан Нагелсман не знаат за победа.

Мрежите мируваа во првиот дел, поточно до 70-тата минута, пред тоа Нагелсман го смени целиот тим, па играчите на Спалети најдоа начин како да ја затресат мрежата на Улрејх. Осимхен во 60 секунди на двапати беше стрелец, а во 86-тата минута конечниот резултат го постави Мачач.

 

- Оглас -

Најнови вести