Поранешниот бразилски репрезентативец, Оскар, одлучи да стави крај на фудбалската кариера на 34-годишна возраст, откако минатиот месец беше хоспитализиран поради срцеви проблеми. Иако лекарите сметаат дека тој може да продолжи да игра, сепак фудбалерот не сака да ризикува и ќе оди во пензија.
На Оскар му беше констатирана состојба на низок притисок која го успорува чукањето на срцето, па на еден тренинг на Сао Паоло, неговото срце остана без реакција цели 50 секунди.
Бразилецот во својата кариера одигра 48 натпревари за „кариоките“, а пет сезони беше дел од Челзи, пред да направи изненадувачки трансфер во кинески Шангај во 2017 година. На Далечниот Исток остана осум години, пред да се врати во матичниот Сао Паоло.
Раководството на клубот ќе му понуди функција во младинските категории.

