Поранешниот бразилски репрезентативец, Оскар, беше меѓу првите кој уште во 2016 година се одлучи да ја напушти Европа и да потпише за кинескиот Шангај. Тој кариерата ја започна во Сао Пауло, па се пресели во Интернасионал од Порто Алегре, а од таму направи трансфер во Челзи. За Сините од Лондон одигра 203 натпревари, на кои постигна 38 гола, а потоа го шокира светот со одлуката да потпиша за Шангај, каде што се задржа дури осум години.
Додека беше фудбалер на Челзи, 48 натпревари одигра и за репрезентацијата на Бразил, но откако се пресели во Кина, веќе не беше повикан во составот на Кариоките. Оскар сега повторно се враќа дома и потпиша тригодишен договор со неговиот матичен клуб, Сао Пауло.
„Среќен сум што се враќам во Бразил и што можам повторно да играм за Сао Пауло, клубот во којшто започнав и во којшто пораснав“, рече Оскар на презентацијата.