Оскар по осум години си заминува од Кина, заработи повеќе од Иниеста и од Ибрахимовиќ заедно (Видео)

Веројатно малкумина се сеќаваат на поранешниот бразилски репрезентативец и член на Челзи, Оскар, кој во 2017 изненадувачки одлучи да си замине од „Стемфорд бриџ“ и да потпише за кинескиот Шангај Порт.

Оскар дотогаш имаше 48 настапи за Бразил, но по преселбата во Кина веќе не беше повикуван за Кариоките, а за Челзи одигра 131 меч за пет сезони. На 26-годишна возраст одлучи да ја напушти Европа, а во Кина заработуваше по 24 милиони евра годишно, односно за осум сезони заработи вкупно 192 милиони евра. Оваа сума е поголема од вкупната заработка на Иниеста и Златан Ибрахимовиќ заедно за целата нивна кариера.

За споредба, Ибрахимовиќ заработи 120 милиони евра, а Иниеста 70 милиони евра. Оскар на 33-годишна возраст одлучи да се замине од Шангај и да се врати во татковината. Во осумгодишниот престој на Далечниот Исток, Оскар одигра 248 натпревари, на кои постигна 77 гола, а имаше и 141 асистенција.

- Оглас -

Најнови вести