Оскар потврди: Продолжуваат преговорите со Барселона

Некогашната голема фудбалска надеж, Бразилецот Оскар веќе неколку години настапува во Кина за екипата на Шанхај Порт, а изминатиов период се поврзува со вра’ање во Европа.

Станува збор за екипата на Барселона, која што се надева дека ќе го доведе некогашниот играч на Челзи во своите редови.

„Преговорите со Барселона течат и има уште неколку работи да бидат завршени. Секако, најпрво треба да се договорат со мојата актуелна екипа за откуп, а потоа ние лесно ќе ги средиме работите.

Знам дека тимот имаше проблеми со регистрација на играчи како Дани Алвеш и Феран Торес, па и да не успееме во овој преоден рок да ги средиме работите, тогаш тоа може да се направи и на лето“ изјави Оскар.

Оскар за Челзи играше во периодот од 2012 до 2017 година и на 114 натпревари постигна 31 гол.

- Оглас -

Најнови вести