33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Ослабениот Сити нема да загуби на „Стемфорд бриџ“

1009 Челзи – Манчестер сити (17:30ч)

Корона-вирусот направи доста проблеми во редовите на Манчестер сити, по што еден меч претходно мораше да им биде одложен. Тоа им даде време на Граѓаните одморени да го дочекаат дербито во Лондон, па иако Гвардиола нема да смета на неколку првотимци како голманот Едерсон, Вокер и Жезус, неговиот тим ќе успее непоразен да го напушти „Стемфорд бриџ“.

Челзи воопшто не е во добра форма, а влезот во кризата беше очигледен откако Лампард го загуби креативецот Зијеш поради повреда. Сините имаат само еден триумф во последните пет кола, па ниту подобриот биланс против Сити од 3-2 во последните пет меѓусебни дуели не им гарантира поволен резултат.

Предлог тип: X2 & ГГ (2.17)

 

3009 Беневенто – Милан (18ч)

Стефано Пиоли ќе мора да го скрпи составот за гостувањето кај Беневенто, тимот којшто за тренер ја има легендата на Росонерите, Филипо Инѕаги, и воедно ја поправи формата пред зимската пауза. Без Ибрахимовиќ, Тео Ернандес, Бенасер, Кастилјехо и Салемакерс Милан ќе атакува на бодови и во овој меч, за да се задржи учинокот без пораз и во вториот дел од сезоната во Серија А.

Беневенто во два меча пред паузата славеше против тимовите на Пандев и Несторовски, што ќе се користи за мотивација да се изненади повторно големито Милан.

Во сезоната 2017/18 Милан потфрли во двомечот против Беневенто со реми од 2-2 на гости и минимален пораз од 0-1 на „Сан Сиро“. Сега е шансата да се реваншира.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.91)

 

1809 Баерн Минхен – Мајнц (18ч)

Актуелниот германски и европски првак Баерн Минхен е во пол-позиција да се врати на врвот на табелата во Бундеслигата и при тоа убедливо да го совлада Мајнц.

На последните три гостувања на „Алијанц арената“, Мајнц прими вкупно 18 гола, а даде само еден, па затоа нема да биде изненадување доколку Баварците денес се изживуваат со противникот.

Воедно, Мајнц е редовен пациент на Роберт Левандовски, кој во 16 средби реализирал 16 погодци против оваа екипа, учинок кој дополнително потврдува дека Баерн ќе издоминира во дуелот.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (1.96)

 

3010 Јувентус – Удинезе (20:45ч)

Би било убаво за Илија Несторовски од првата минута да игра против актуелниот италијански првак, но и улогата на џокер добро му прилега и неретко Нестор-гол знае да се покаже како таков за Зебрите. Македонскиот напаѓач беше еден од стрелците во триумфот над Јуве од 2-1 минатата сезона, за што Бјанконерите ќе сакаат да се реваншираат и имаат големи шанси да успејат.

Тимот кој сега го води Андреа Пирло беше неприкосновен во петте меѓусебни дуели против Удинезе претходно, со пет победи и гол разлика од 15-3, серија која многу веројатно домаќините ќе ја продолжат и вечерва.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.60)

 

1358 Уеска – Барселона (21ч)

Меси се враќа во составот за вечерашниот дуел, и тоа треба да биде доволно добра причина за да се типува во корист на Каталонците, иако не играат сјајно. Иако Барса во последното гостување на „Ел Алкорас“ стадионот ремизираше без голови, овојпат тоа нема да биде случајот.

Составот на Роналд Куман ја подобри формата и во последните пет кола од Ла Лига оствари три победи и две ремија. Загубата на бодови дома со Ејбар, треба да се надополни во овој дуел.

Предлог тип: 2 & 2>1 (2.90)

 

- Оглас -

Најнови вести