Ослабените битолчани храбри, но загубија од Ним

Еурофарм Пелистер загуби со 23-25 на гостувањето кај француски Ним во ЕХФ Европската лига. По овој пораз, битолчани речиси ги загубија шансите за прво место во својата група, но плејофот им е речиси сигурен.

Во првото полувреме, битолчани во два наврати (7-4 и 8-5) имаа предност од три гола разлика, но Ним замина на голем одмор со позитива од 13-12.

Потоа Пелистер водеше со 16-14 по осум минути игра во второто полувреме, по што домашните направија серија од 5-1 за предност од 19-17 во средина на вториот дел. Оваа разлика се сталибизираше, Ним веќе не го испушти водството до крај, па победи со два гола предност.

Кај Е. Пелистер фалеа четворица важни играчи, па овој резултат и не е толку лош ако се знае дека во октомври, Ним во Битола славеше со пет гола разлика. Граѓан со 7 гола беше најефикасен поединец во македонскиот тим, Табоада даде 5, а Мандалиниќ 4 гола. Кај Ним се истакна Египќанецот Санад со 10 гола.

- Оглас -

Најнови вести