Ослабените Словенци ги „уловија“ и Рибарите на ракометното ЕП

Репрезентацијата на Словенија го совлада Исланд со 30-27 во Групата 2 од втоата фаза на ракометното Европско првенство. Со оваа победа, Словенците се доближија до полуфиналето за кое ќе се борат со Унгарија и Норвешка кои играат меѓусебе.

Средбата во Малме ја судеа Македонците Начевски и Николов. Словенија настапи ослабена без капитенот Кавтичник кој се повреди и веќе нема да игра на ова ЕП, но тимот на селекторот Врањеш најде начин да го победи опасниот Исланд. Бомбач со девет гола беше прв бомбардер во словенечкиот тим, а Благотиншек на кого денеска му е роденден, даде четири гола.

- Оглас -

Најнови вести