Некогашните први луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини на кои повторно им беше судено во март оваа година во Швајцарија, добија ослободителна пресуда, а обвинителството не поднесе жалба, па таа стана и кончена.
„Јавниот обвинител на Конфедерацијата ја повлекува својата жалба“ и со тоа ја прифаќа „пресудата донесена во прв и втор степен“, соопшти денес швајцарското обвинителство.
Блатер и Платинибеа обвинети за „нелегално добивање, на штета на ФИФА, исплата од два милиони швајцарски франци“ (околу 1,8 милиони евра) за поранешниот трикратен освојувач на „Златната топка“.
И одбраната и обвинителството се согласија за едно: Платини навистина го советувал Блатер во периодот помеѓу 1998 и 2002 година, за време на неговиот прв мандат како претседател на ФИФА, а во 1999 година потпишаа договор за годишна членарина од 300.000 франци, кои ФИФА ги плати во целост.
Сепак, во јануари 2011 година, Платини побара дополнителни два милиони франци, што обвинителството го опиша како „фиктивна сметка“. Блатер уште еднаш потврди дека аферата била креирана за да се спречи неговиот обид да се кандидира за нов претседател на ФИФА.
„Знам дека оваа афера беше смислена за да ме спречи да станам претседател на ФИФА“, рече Платини по одлуката на апелациониот суд, додавајќи дека сега е „премногу стар“ за да се активира во трка за претседател на ФИФА.