Вардар го победи Загреб со 28:26 и со осмата победа во серија во СЕХА-лигата се врати на врвот на табелата со 39 бодови, три повеќе од денешниот противник и од Нексе.
Двете полувремиња им припаднаа на скојпани со по еден гол разлика, 13:12 по триесет минути игра и 15:14 во продолжението.
Загреб е можен противник на Вардарци и во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, па вечерва малку и се криеја адутите од двете страни за евентуалниот двомеч во елитното натпреварување меѓу двете екипи.
Претходно, денеска во Ниш Железничар го победи Металург со 27:25.