Осман Дембеле урна неверојатен рекорд на Лео Меси

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, постигна еден од головите во победата на неговиот тим со 4-1 против Лил во 24-то коло од Лига 1, со што го зголеми својот биланс на 18 погодоци од почетокот на годината во францускиот шампионат.

Со ова, Дембеле стана првиот фудбалер во 21-от век кој настапува во едно од топ 5 првенствата во Европа што ја надминал границата од 18 голови до 1-ви март.

Претходниот рекорд го држеше Лионел Меси, кој во 2016 година со Барселона постигна 17 погодоци во истиот временски период.

Покрај тоа, Осман Дембеле е водечки стрелец во Лига 1 оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести