Капитенот и ѕвезда на турската кошаркарска репрезентација, Џеди Осман, по поразот во финалето на Евробаскетот од Германија нагласи дека воделе во поголемиот дел од натпреварот, а контролата ја загубиле во финишот.
„Многу сме тажни. Повторно стигнавме до финалето на Европското првенство по 24 години. Сите сакаа да го донесат трофејот во Турција. Но, тоа не се случи. Иако до финалето дојдовме непоразени и водевме 38 минути во финалето, ја изгубивме контролата во последните две минути и го загубивме мечот. Но, создадовме прекрасна семејна атмосфера како тим. Горд сум на сите и им се заблагодарувам на сите што придонесоа. Се надевам дека ќе се вратиме посилни, возбудени сме за иднината која е пред нас“, изјави 30-годишниот роден охриѓанец кој ги одигра сите 40 минути во финалето.
Осман се осврна и на емотивните моменти што ги сподели со Фуркан Коркмаз по финалето.
„Фуркан и јас се прегрнавме толку цврсто. Играме заедно долго време, знаеме низ што поминавме. Затоа верувам дека ќе се вратиме уште посилни“, додаде Осман.