Османи објасни зошто Струга беше елиминирана од Пјуник

Тренерот на Струга Трим Лум, Ќатип Османи, даде свое мислење по елиминацијата од Конференциската лига. Иако амбициите беа многу поголеми, Струга испадна од ерменски Пјуник во второто елиминациско коло.

Победата од 2-1 на првиот меч во Охрид се покажа како недоволна за македонскиот првак кој вечерва во Ереван претрпе пораз од 1-3.

„Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да нападне пред нашиот гол и како резултат на тоа ги примивме двата гола. Благодарение на Ибраими, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол со кој сме елиминирани“ – изјави Османи за кој ова беше јубилеен 30-ти во европските натпреварувања. 

- Оглас -

Најнови вести