Осминафинале е и цврсто се игра – Само Саул успеа да ја тресе мрежата (Видео)

Осминафинале е во Лигата на шампионите и секој гол вреди многу и се игра цврсто, па на двата стартни дуели има само еден гол по првото полувреме.

Саул Нигез погоди во четвртата минута за Атлетико Мадрид против европскиот првак Ливерпул, гол со кој домаќините водат со 1:0 на „Ванда Метрополитано“ во главниот шпански град.

https://twitter.com/CFC_Khalz/status/1229859869219598337?s=20

Мрежите мируваа на култната „Вестфален арена“, или како што сега е именуван стадионот на Борусија Дортмунд „Сигнал Идуна парк“, на дуелот меѓу германските милионери и француските богаташи од Париз, екипата на Пари Сен Жермен.

Вечерва со овие два меча почна осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, а за утре се закажани уште два дуели, меѓу Аталанта и Валенсија и Тотенхем и Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести