Осминафиналето ќе започне со голови, ефикасно ќе биде и во Англија (Фото)

6005 – Копенхаген – Манчестер сити (21:00)

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Манчестер сити, со дуел против Копенхаген го отвора осминафиналето од најквалитетното клупско натпреварување. Нема сомнеж дека Граѓаните се апсолутни фаворити на овој натпревар и очекувањата се дека пласманот помеѓу најдобрите осум екипи во Европа ќе го обезбедат уште вечерва, со убедлива победа.

Предлог тип: 2 & Т2 3+ (2.15)

 

6006 – Лајпциг – Реал Мадрид (21:00)

Вистинска голеада се очекува на дуелот помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид. Вечерва во составот на Биковите очекуваме да го видиме и нашиот Елиф Елмас, па зошто дебито за Лајпциг во Лигата на шампионите да не биде зачинето со гол против големиот Реал Мадрид.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.91)

 

1017 – ВБА – Кардиф (21:00)

Интересно се очекува да биде во Чемпионшип дивизијата, на дуелот помеѓу ВБА и Кардиф. Домашните се во горниот дел на табелата, додека гостите во средината и според бодовите, не можат да одат ниту нагоре, ниту надолу. Тоа значи дека головите нема да изостанат на овој натпревар, а ќе ги има најмалку по еден во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.15)

 

1035 – Портсмут – Кембриџ ј. (20:45)

Лидерот во англиската Лига 1, Портсум, се очекува вечерва да нема проблем против Кембриџ јунајтед, екипа против која нема пораз на последните три натпревари. Домашните се во одлична серија од пет натпревари без пораз и се убедливо првопласирани на табелата, додека Кембриџ е многу поблиску до дното отколку до средината на табелата.

Предлог тип: 1 & 0-29min (2.21)

 

3614 – Виченца – Про Верчели (20:30)

Во дербито на колото во италијанската Серија Ц се среќаваат екипите на Виченца и Про Верчели. Четврто и петтопласираните екипи на табелата се очекува да одиграат тврд натпревар, со оглед на тоа дека разликата помеѓу нив е само два бода. Домашните се во подобра форма и токму затоа имаат мала предност на денешниот натпревар.

Предлог тип: Х-Х / Х-1 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести