Ливерпул за 100 секунди, со два гола во 57-мата и во 58-мата минута, си ја заврши работата околу пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите. Наби Кејта и Мохамед Салах сурово ги казнија утките на Ред Бул Салцбург во првото полувреме. Австрискиот тим мора да се задоволи со европска пролет во Лигата на Европа.
Откако е дојден во Ливерпул, Египќанецот има 19 гола и 8 асистенции, бројка од 27 директни учества во погодоците на Црвените. Во истиот период, Меси има вкупно 28 голови или асистенции.
Покрај Ливерпул, и Наполи не дозволи изненадување во последното коло од групата Е. Наполитанците без Елиф Елмас, кој остана на клупата за резерви, го разбија Генк со 4-0. Јунак на средбата е Аркадјуш Милик, кој стана само третиот фудбалер од италијански клуб со хет-трик во првото полувреме. Пред него тоа го направиле само Марко Симоне од 1996 и Симоне Инѕаги од 2000 година.
Со 17 години и 287 дена, Мартен Вандерворт стана најмлад голман-стартер во историјата на ЛШ, но дебито нема да го памети по добро бидејќи прими четири гола, од кои првиот беше по негова голема грешка.