Осмото коло на популарната Спортска прогноза ќе биде интересно за типување бидејќи во понудата се 13 натпревари од квалификациите за Светското првенство во Катар, а последен пар од основната понуда е Македонија – Германија. Ваше е да го погодите конечниот тип на тој и на уште 12 меча за да се подновите со „ајфон 12“.
Типувањето трае до сабота во 15 часот, термин во кој почнува првиот меч на Спортска прогноза, а тоа е Казахстан – Босна и Херцеговина. Саботната понуда ги нуди и средбите Азербејџан – Ирска, Финска – Украина, Грузија – Грција и Унгарија – Албанија.
Неделните мечеви се од јужноамериканските квалификации, дербито е Колумбија – Бразил. Како ретко кога, остануваат пет меча за понеделник, а меѓу нив и Македонија – Германија.
Вашите прогнози можете да ги комбинирате веќе од денеска. Треба да се типува и на двата резервни пара, кои се пресметуваат во Генералниот пласман.
Sport Life во секое коло за погодени 13 пара како премија нуди „ајфон 12“, а има и награди и за едно и две утки. За погодени 12 меча се доделува ваучер од 1.000 денари, што може да се одигра во Sport Life, а со 11 точно прогнозирани мечеви следува ваучер од 500 денари.
Сè што треба за учество во бесплатната игра која Sport Life и Спорт Манија ја организираат четврта година по ред е да имате СЛ картичка.