15.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Осогово договори пријателски меч против Хајдук Сплит

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, на својот фејсбук-профил информира дека е договорен пријателски меч меѓу Осогово и хрватскиот фудбалски гигант Хајдук Сплит. Мечот треба да се одигра во август следната година, и тоа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
„Со гордост ви соопштувам дека по средбата со претседателот на Хајдук Сплит, Иван Билиќ, се договоривме за пријателски натпревар меѓу Осогово и Хајдук во август 2026 година на нашиот „Никола Мантов“. Во знак на спортско пријателство со претседателот на Хајдук разменивме дресови на двата клуба. Ова ќе биде историски настан за Кочани и огромен спектакл за сите што го носат жолто-синиот дух во срцето. Време е Осогово да го добие празникот што го заслужува и да покаже дека е подготвено за ново поглавје“, пишува Крстевски на постот на ФБ.
„Драги кочанчани, овој натпревар ќе биде симбол на нов почеток. Заедно да покажеме дека знаеме да го наполниме стадионот, да го кренеме градот и да го вратиме Осогово таму каде што му е вистинското место“, потенцира в. д. градоначалникот на Кочани, Крстевски.
- Оглас -

Најнови вести