Остана уште помалку од еден месец за МИЛИОНОТ од Втора шанса на Sport Life

На помалку од еден месец до крајот на играта Втора шанса за 1.000.000 на Sport Life обложувалниците, борбата за наградите е поинтересна, но првото место и понатаму сигурно го држи Риста М. Играта Втора шанса за 1.000.000 трае до 19 декември, по што ќе се знае добитникот на милионот.

По изминатиов викенд, нема големи промени во Топ 5. Водечката позиција засега останува за Риста М., кој е лидер со коефициент 19.557 благодарение на неверојатниот тикет кој не е добитен само за еден меч, но сега може да му донесе МИЛИОН денари.

Второто место е за Петрит, кој досега има собрано коефициент 9.769,98 од погодените мечеви кои се собираат на недобитен тикет со една утка и засега тоа му е доволно за да биде втор на листата.

Кристо, кој до неодамна беше втор, сега падна на трето место со квота 8.259,97. Листата на топ 5 ја затвораат Александар Т. и Дарко Б.

СЕ СОБИРААТ КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА ТИКЕТИТЕ КОИ ИМААТ ПО ЕДНА УТКА

Во игра се сите несистемски тикети со најмалку три натпревари и со еден утнат пар, а услов е да се уплатени со SL картичка. Во трка за милионот влегуваат сите тикети само со еден утнат тип, а се пресметува коефициентот на погодените натпревари кои се собираат од секој тикет поединечно.

Предвид се земаат првите десет уплатени тикети во текот на еден ден од коишто на СЛ картичката на обложувачите се додава само оној тикет којшто има најголем коефициент без утнатиот пар.
Рангирањето е според збирот на погоден вкупен коефициент во времетраење на акцијата, која ги опфаќа сите несистемски тикети (со една комбинација), тикетите уплатени во живо и микс тикетите најмалку со три натпревари и еден утнат пар.

Шампионот во ВТОРА ШАНСА ЗА 1 000 000 ќе добие ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ, а награди ќе има и за квартетот зад него, и тоа по следниот редослед:

второ место –  1.000.000 поени СЛ Маркет
трето место –  500.000 поени СЛ Маркет
четврто место –  300.000 поени СЛ Маркет
петто место – 100.000 поени СЛ Маркет

- Оглас -

Најнови вести