Останаа уште неколку часа за учество во 32-то коло на Спортска прогноза

Типувањето во 32-то коло на Спортска прогноза ќе заврши со стартот на бундеслигашките дуели меѓу Менхенгладбах и Ајнтрахт, односно Унион Берлин и Штутгарт, кои се предвидени за 15:30 часот.

Дотогаш имате доста време да го фатите последниот воз за приклучок во трката за главниот подарок „ајфон 11“, кој чека на својот прв „газда“ во третата сезона на бесплатната игра на Sport Life.

За денес има четири пара по кои ќе се знае кои од учесниците ќе го чекаат утрешниот ден со максимален учинок. Полуфиналето меѓу Челзи и Манчестер сити во ФА купот е предизвикот за кој треба добро да се размисли пред да се приложи прогнозата, а Калјари – Парма е последниот саботен меч.

Како што е веќе познато, за учество на Спортска прогноза потребно е да имате само СЛ клуб картичка од Sport Life, како и минимално познавање на меѓународниот фудбал.

И да не стигнете до подарокот за прво место, има уштени подароци во вид на ваучери од 1.000 и 500 денари за прогнозерите со еден, односно два промашени пара, а сите погодени парови ќе се сметаат во Генералниот учинок каде што по крајот на сезоната за најдобриот прогнозер се доделува Смарт ТВ 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести