До 14 часот останува време да се прогнозира во осмото коло на Спортска прогноза на Sport Life и да бидете во трка за освојување на Среќна 13-ка. Во бесплатната игра која традиционално веќе шеста сезона се организира, главна цел е да се погодат фиксовите на понудените 13 мечеви.
За перфектно одиграна Спортска прогноза и погодени 13 фиксови, се добива еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.
Во ова коло има три големи дерби дуели од трите најсилни првенства во Европа. Денеска попладне се игра Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид, а утре се дерби дуелите меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити, како и дуелот од Серија А меѓу Наполи и Милан.
Тука се и уште 10 натпревари кои треба да се погоддат и затоа сите оние кои не прогнозирале, тоа треба да го направат сега.