Во пресрет на последното коло од групната фаза од Лигата на шампиони, познати се 12 екипи кои обезбедија место меѓу најдобрите 16 во фудбалска Европа. Од сите кои се дел од ЛШ, единствено Манчестер сити и Реал Мадрид се со перфектен биланс од пет победи во исто толку дуели.
Екипи кои се пласираа во нокаут-фазата се: Баерн Минхен, Арсенал, ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Барселона.
Во последното коло, во директен дуел за второто место ќе играат Порто и Шахтар, две екипи коишто имаат по девет бода, а на португалскиот тим доволно ќе му биде и нерешено. Директен дуел за второто место ќе играат и Наполи и Брага, а и на овој дуел на домаќинот доволно ќе му биде еден освоен бод.
Најнеизвесно ќе биде во групите А и Ф, каде што по три екипи се борат за едно место. Копенхаген и Галатасарај имаат по 5 бода и ќе играат меѓу себе во Данска, а победникот ќе биде на второто место. Своја шанса ќе чека и Манчестер јунајтед, кој е последен со 4 бода, но ако Копенхаген и Галатасарај одиграат нерешено, тогаш англискиот гигант со победа над Баерн Минхен би стигнал до второто место.
Слично е и во групата во која ПСЖ, Њукасл и Милан се борат за второто место. ПСЖ има 7 бода и во последното коло ќе гостува кај Борусија Дортмунд, додека Њукасл, кој има пет бода, ќе биде домаќин на Милан, кој исто така е со пет бода.
Третопласираните екипи од секоја група ќе продолжат во Лигата на Европа, а за „фенерџиите“ тука ќе заврши европскиот пат за оваа сезона.