Oстануваат уште неколку часа да одиграте Спортска прогноза, дербијата во Италија, Германија, Франција и Англија се вистински предизвик за прогнозирање

Уште неколку часа остануваат за сите оние кои досега не ги одиграле своите фиксови во рамките од 25-тото коло на Спортска прогноза.

Можноста за прогнозирање завршува во 12.30 часот денеска, кога ќе започне првиот меч од понудата, а тоа е дуелот од Серија А меѓу Наполи и Аталанта.

Помеѓу 13-те натпревари има неколку големи дербија во петте најсилни европски лиги. Денеска ќе се одиграат три големи дерби-пресметки, во Бундеслигата ќе се игра Дер Класикер меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, а во Серија А на програмата покрај мечот на Наполи, има уште две дерби пресметки и тоа Лацио – Јувентус и Фиорентина – Милан.

Утре ќе се одиграат уште две дербија, премиерлигашката пресметка меѓу Манчестер сити и Арсенал и најголемото француско дерби меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ. Токму овие дуели претставуваат најголем предизвик за прогнозерите овој викенд.

Во шестата сезона на бесплатната игра сè уште се чека првиот прогнозер што ќе погоди Тринаесетка и ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K,

Електричен Тротинет,

Сони Плејстејшн 5

Голем дел од стандардните учесници веќе ги одиграа своите комбинации, а секој може да се приклучи на многу едноставен начин.

Играта е бесплатна, се што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.

Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени парови во следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести