18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Остануваат уште неколку часа да одиграте Спортска прогноза, лондонското дерби е предизвик за секој прогнозер

Уште неколку часа остануваат за сите оние кои досега не ги одиграле своите фиксови во рамките од седмото коло на Спортска прогноза. Можноста за прогнозирање завршува во 15.50 часот денеска, кога и ќе започне првиот меч од понудата, а тоа е дуелот меѓу Унион Берлин и Штутгарт.

Помеѓу 13-те натпревари е и големото дерби во Премиер лигата меѓу Челси и Арсенал, кое воедно претставува и најголем предизвик за прогнозерите овој викенд заедно со дербито во Серија А меѓу Милан и Јувентус.

Во шестата сезона на бесплатната игра сè уште се чека првиот прогнозер што ќе погоди Тринаесетка и ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K,

Електричен Тротинет,

Сони Плејстејшн 5

Голем дел од стандардните учесници веќе ги одиграа своите комбинации, а секој може да се приклучи на многу едноставен начин.

Играта е бесплатна, се што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.

Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени парови во следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести