Остануваат уште неколку часа да пополните Спортска прогноза, ве очекуваат големи награди

Остануваат уште само неколку часа до првиот натпревар од новото коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Тоа значи, доколку се уште немате пополнето спортска, тоа треба да го сторите најдоцна до 15:30 часот, кога започнува првиот натпревар од понудата, дуелот од германската бундес лига помеѓу Аугзбург и Мајнц.

Помеѓу 13-те натпревари се и двата големи дерби дуели од овој викенд, лондонскиот помеѓу Арсенал и Тотенхем, и мадритскиот помеѓу Атлетико и Реал, кои воедно претставуваат и најголем предизвик за типувачите овој викенд.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, на ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести