Остануваат уште точно 24 часа за типување: Мадридските ривали се најголеми фаворити викендов

На точно 24 часа до почетокот на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, познати се фаворитите, но и на кој меч играчите најмногу се двоумат.

Мадридските ривали Реал и Атлетико се најголеми фаворити ова коло. Кралевите на домашен терен ја пречекуваат Жирона во дербито за врвот, а 77,42% од играчите се одлучија предност да му дадат на Реал. Малку помал процент, односно 72,26% од типувачите предност му даваат на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Севиља.

Голема неодлучност има за дерби-дуелот од Бундеслигата помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен. Процентот за победа на двете екипи и за нерешен е ист, односно по една третина им даваат предност на Баер и Баерн, а една третина смета дека мечот ќе заврши нерешено. Процентите се следниве, 33,18% предност му даваат на Баер, 33,36% на Баерн, а процентот за нерешено е 33,46%.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести