Останувањето на Конте во Наполи носи нова тренерска вртелешка во Серија А

Антонио Конте останува тренер на Наполи и следната сезона, објави италијанската национална телевизија РАИ.

Веста не е официјално потврдена, но се тврди дека Конте и претседателот Аурелио де Лаурентис си подале рака за продолжување на соработката. Конте, кој му го донесе четвртото скудето во Серија А во историјата на Наполи, треба да добие и поголема плата со новиот договор.

До пред некој ден се зборуваше дека е извесно заминувањето на Конте и негово враќање во Јувентус. Но, се случил пресврт и сега е речиси сигурно дека тој останува. Наводно на Конте му се ветувале седум засилувања, од кои едното е Кевин де Бројне, па би имал конкурентен тим и за Лигата на шампионите.

Ова значи дека Јувентус останува без тренерот што го сакаше и веројатно ќе го задржи тренерот Игор Тудор. Се зборува дека Масимилијано Алегри, кој требаше да седне на клупата на Наполи на местото на Конте, сега ќе го преземе Милан, а нов шеф на стручниот штаб на Рома треба да биде Џанпјеро Гасперини, кој исто така се спомнуваше во разни комбинации за во Јуве и во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести