Остар напад врз стратегот на Баерн Минхен: Нека оди да биде тренер во трета или четврта лига

Некогашниот германски репрезентативец Дитер Хаман беше зачуден од однесувањето на тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман за време на дуелот против Борусија Менхенгладбах.

Баерн Минхен загуби на гостувањето во Менхенгладбах, а Нагелсман остро реагираше на судењето, што беше причина за реакција на Хаман.

„Разбирам дека сè може да направиме со „жешка глава“, но тоа е еден момент. Мислам дека и самиот знаеше дека поради неговите постапки ќе заврши на насловните страни. Неговите зборови секогаш вредат тројно повеќе. Тој е тренер на Баерн Минхен. Ако сака така да се однесува нека оди да биде тренер во трета или четврта лига. Таму никому нема да му биде гајле кога ќе направи ваков испад. Тука мора да биде свесен дека е тренер на Баерн Минхен. Видов дека се извини, но мора да се котролира“, рече Хаман за непримерното однесување на Нагелсман.

Баерн Минхен загуби со 3:2 од Борусија Менхенгладбах, па по 21-вото коло во Бундеслигата, трката за титулата е повеќе од интересна. Баварскиот гигант е лидер со 43 бода, но исто толку бодови имаат и Борусија Дортмунд и Унион Берлин, додека зад нив се Фрајбург со 40 бода, Лајпциг со 39 и Ајнтрахт Франкфурт со 38 бода.

- Оглас -

Најнови вести