Островот Бонер за првпат во историјата ќе одигра домашен меч на свое тло! (Фото)

Карипскиот островот Бонер (Bonaire на холандски), кој има само 22.500 жители, испишува нова фудбалска историја бидејќи нивната репрезентација ќе го одигра првиот домашен натпревар на своја почва. Досега сите домашни натпревари ги играа на околните карипски острови. Бонер до 2010 година беа дел од познатите Холандски Антили, но по нивниот распад, добија статус на „јавно тело“ во Кралството Холандија. Од 2013 година членуваат во Фудбалската асоцијација на Северна Америка и Карибите, КОНКАКАФ. Членството во ФИФА им беше одбиено бидејќи немаа стадион!

Сега го исполнија и тој услов и немаат пречка да станат членки и на ФИФА, иако не се држава. Стадионот „Антонио Тренидат“ има капацитет за 1.500 гледачи и се наоѓа во помалиот од двата града на островот, Ринкон.

Вечерва во 1 часот по полноќ по македонско време ќе го одиграат и првиот натпревар на овој стадион, против Островите Туркс и Кајкос. Бонер во овој натпревар од КОНКАКАФ Лигата на нациите влегува како апсолутен фаворит со квота од 1.37 во понудата на Sport Life.

Репрезентативците на Бонер на овој натпревар може да испишат историја бидејќи со победа ќе го освојат првото место во Групата А од Лигата на нациите на Северна Америка и ќе обезбедат пласман во повисок ранг, каде што ќе ги очекуваат натпревари против далеку попознати држави, но и фудбалски квалитетни репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести