16.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Островот со помалку од пола милион жители вечерва ќе слави историски пласман на СП

Зеленортските Острови, или Републиката Зелен ‘Рт, или Кабо Верде како што самите ја нарекуваат својата земја, вечерва се пред историски пласман на Светското првенство во 2026 година.

Островите кои имаат малку помалку од половина милион жители и се наоѓаат на западот од Африка се во пол-позиција и со победа над најслабата репрезентација во својата група, Есватини, на домашен терен и официјално ќе го потврдат местото на Мундијалот.

Мечот се игра во 18 часот, но сите работници се ослободени од своите работни места, а училиштата ќе се затворат точно на пладне, во 12 часот, и сè ќе биде фокусирано на фудбалот и на натпреварот на нивната репрезентација.

Нема сомнеж дека Националниот стадион во главниот град на Републиката Зелен ‘Рт, Праја, ќе биде исполнет до последното место, а капацитетот е само за 15.000 гледачи.

Оваа земја доби независност од Португалија во 1975 година.

- Оглас -

Најнови вести