Островците го добија дербито на Њујорк против ренџерите

Њујорк ајлендерс вторпат го доби градското дерби против Њујорк ренџерс со конечни 4-3 од трите меѓусебни дуели сезонава. Островците до победата стигнаа во последната минута и пол од средбата, откако Џош Бејли реализираше гол по единствениот удар што го упатија хокеарите на Ајлендерс кон голот на ренџерите во цела трета третина.

 

Торонто мејплс лифс со конечни 4-2 над Њу Џерси девилс ја оствари 28-та победа сезонава, односно трета по ред кога играат на гостински терен. Торонто на тој начин не му дозволи на шампионот Вашингтон капитолс да избие на втората позиција во Источната конференција, кој со идентичен резултат славеше на гостувањето кај Бостон бруинс (2-4).

Тампа беј лајтнинг со пресврт славеше на домашен терен против Каролина хурикејнс со конечни 3-1. Домаќините по два периоди беа во негатива од еден гол, па во последните 20 минути во три наврати ја тресеа мрежата на Каролина. На двапати искористија ситуација со играч повеќе, додека Појнт ја осигури победата откако го погоди празниот гол на противникот.

Резултати НХЛ:

Бостон бруинс – Вашингтон капитолс 2-4

Колумбус блу џекетс – Нешвил предаторс 4-3 (по продолжение)

Њу џерси девилс – Торонто мејпл лифс  2-4

Њујорк ренџерс – Њујорк ајлендерс 3-4

Филаделфија флаерс – Далас старс 2-1

Тампа беј латнинг – Каролина хурикејнс 3-1

Минесота вајлд – Винипег џетс 3-2

Сент Луис блус – Монтреал канадиенс 4-1

Едмонтон ојлерс – Флорида пантерс 3-3, 2-0 на пенали

Ванкувер канукс – Аризона којотс 3-4 (по продолжение)

Вегас голден најтс – Сан Хозе шаркс 2-3

ЛА кингс – Отава сенаторс 1-4

- Оглас -

Најнови вести