Мајкл Карик го доживеа првиот пораз на клупата на Манчестер јунајтед, откако неговите избраници загубија со 2-1 на гостувањето кај Њукасл. Привремениот тренер на „црвените ѓаволи“ имаше серија од седум меча, на кои победи шестпати, а само еднаш ремизираше, но и на таа серија ѝ дојде крајот, откако Вилијам Осула со вистински еврогол во 90-тата минута донесе триумф за „страчките“.
Њукасл од 45-тата минута имаа играч помалку по исклучувањето на Рамзи, но само една минута подоцна дојдоа во водство од 1-0 преку Гордон од пенал.
На 1-1 израмни Каземиро во деветтата минута од продолжението на првиот дел.
Манчестер јунајтед и по шест години не успеа да го освои „Сент Џејмс парк“, а последен пат успеа да се спаси од пораз во 2021 година, кога мечот заврши нерешено.

