21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Осуммина фудбалери се повредија викендов во Бундеслигата, лекарите велат дека бројката ќе расте

Изменетиот биоритам на фудбалерите за време на паузата поради корона-вирусот донесе проблеми на рестартирањето на германската Бундеслига. Осуммина играчи мораа да го напуштат теренот поради повреда. Рејна од Дортмунд отпадна на загревање, додека настапот не го завршија Азар, Руди, Бебу, Скјелберг, Ѓасула, Турам и Тодибо.

По два месеци пауза, првенството се врати, но без навивачи, а со маски и средства за дезинфекција. Новина е и правилото за пет измени во текот на мечот, нешто што го искористија осум тима, а три тима си ги задржаа старите навики и направија три измени.

„Тоа што играчите работеле за време на паузата, не е доволно за подготвени да дојдат на кратките подготовките. Во нормална година, по завршување на сезона, има одмор, па пливање, трчање, се работи по програма, а сега беше поинаку. Физичката подготовеност е на ниско ниво, мускулите се претворени во маст. Хормонот кортизол е зголемен поради стрес и страв од повреда. Сето тоа има влијание и мислам дека како ќе одминува времето, ќе расте бројот на повреди“, вели некогашниот кондициски тренер на Реал Мадрид, Хосе Луис Сан Мартин.

- Оглас -

Најнови вести