Осум меча, а на четири „се знаат“ победниците уште пред да почнат натпреварите

Возбудувањата во НБА-лигата продолжуваат со осум меча кои ќе се играат ноќеска. Најдобриот тим во лигата, Оклахома, на свој терен игра против Мемфис. Оклахома има 14 победи во последните 15 дуели, а и кога се работи за пресметки против Гризлите, се убедливи. Оклахома победи на девет од последните 10 дуели против овој ривал.

Уште три меча се со апсолутни фаворити. Кливленд нема да дозволи изненадување на свој терен против Сан Антонио, а интересно е дека на два меча гостите се големи фаворити. Индијана треба да победи на теренот на Вашингтон, а Хјустон се очекува да се радува на гостувањето кај Јута.

Повеќе од 75-мина играчи кои се очекува да бидат вечерва на НБА-терените се дел од понудата за плус-минус поени, а кошаркарските експери сигурно лесно ќе најдат неколку „сигурици“.

 

- Оглас -

Најнови вести