Вечерва после полноќ се играат осум натпревари од НБА лигата, а на шест од нив, има екипи кои се прилично големи фаворити за победа според квoтите во обложувалницата Sport Life.
Изборот на игри е голем, ваше е да составите тикет за кој верувате дека е добитен.
Во Sport Life е привлечна понудата и за индивидуалци. Може да погодувате за 33 кошаркари колку поени ќе постигнат доцна вечерва.
Најмногу поени се бараат од Џоел Ембид и Кевин Дурант, хендикеп границата за нив двајца е поставена на 28,5 поени. Иако уште е рано, и просекот на поени од штотуку започнатата сезона уште ќе варира од меч во меч, може да се најдат „зицери“ како на пример да се одигра на плус поени на првиот пик на драфтот Паоло Банкеро.
Банкеро кој игра за Орландо меџик, одлично ја отвори сезоната, после три настапи има просек од 23,3 поени по натпревар, а за вечерва од него се бара да даде барем 18.