17.8 C
Skopje
недела, 12 октомври 2025

Осум од 9-те гола на Португалија во квалификациите ги постигнаа играчи од саудиската лига

Рубен Невеш синоќа против Република Ирска постигна гол за паметење бидејќи му беше прв во дресот на репрезентацијата на Португалија, плус тоа во 91-ва минута, победнички, и носејќи број 21 на грбот, бројката која ја носеше неговиот близок пријател Диого Жота пред да го загуби животот.

Невеш е играч на Ал-Хилал и ја продолжи серијата погодоци на Португалија од страна на фудбалери кои настапуваат во саудиски клубови. 

Дури осум од деветте гола на Португалија во квалификациите за Светското првенство беа постигнати од играчи од лигата на Саудиска Арабија. Кристијано Роналдо од Ал-Наср даде три гола, по два имаат Жоао Феликс од Ал-Наср и Жоао Кансело од Ал-Хилал, а еден погодок има Невеш кој истотака настапува за Ал-Хилал. 

- Оглас -

Најнови вести