Осуммина полицајци го сликале мртвото тело на Коби Брајант, шерифот нема да ги казни

Шерифот од Лос Анџелес, Алекс Вилануева, на прес-конференција објави дека им наредил на своите заменици да ги избришат сите фотографии од нивните мобилни телефони на кои се гледа телото на Коби Брајант. Првите полицајци кои стигнаа на местото на хеликоптерската несреќа во близина на Градот на Ангелите го сликале мртвото тело на Коби, некои дури и се фалеле по ноќни клубови со тоа во обид да освојат девојка.

Вилануева се надева дека е спречена понатамошна дистрибуција на тие слики, па нема да ги казни прекршителите на правилата. Сепак, сега се отвора друго прашање, дали Вилануева со ова уништи потенцијални докази во истрагата? Во полицијата не сакале за овој скандал да се дознае во јавноста.

„Приоритет ми беше да се осигурам дека тие слики ќе ги снема. Знаеме кои мои заменици ги направиле фотографиите, го признаа делото и ги избришаа сликите. Задоволен сум што го направија тоа“, рече шерифот.

- Оглас -

Најнови вести