Иако само пред само еден ден заврши првото Светско клупско првенство со 32 екипи, веќе започна наддавањето кој ќе биде следниот домаќин на изданието во 2029 година.
Осум земји со пет кандидатури ќе се обидат да ги донесат на свое копно најдобрите светски екипи. Австралија и Нов Зеланд имаат заедничка кандидатура, Бразил и официјално поднесе кандидатура до ФИФА, додека клупскиот Мундијал сака да го организира и Катар, нешто што воопшто нема да има се допадне на екипите бидејќи би се играло во зима.
Интересно е тоа што годинешниот домаќин, САД, сака да го организира првенството и во 2029 година, а заедничка кандидатура има и од Шпанија, Португалија и Мароко, кои се домаќини на Светското првенство во 2030 година.
Веќе се познати и четири екипи кои ќе учествуваат на следното Светско клупско првенство, а тоа се победниците на Лигата на шампионите, секој на својот континент од оваа година, ПСЖ (Франција), Круз Азул (Мексико), Ал-Ахли (Саудиска Арабија) и Пирамидс (Египет).