9.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Осум желби – една цел: Започнува кошаркарскиот Куп на Македонија

Спортската сала во Куманово од денес до недела ќе биде центарот на кошаркарските случувања кај нас бидејќи осумте најдобри екипи ќе водат битка за трофејот од Купот на Македонија, кој го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур.

Осум екипи влегуваат со иста желба – освојување на трофејот кој последните три сезони завршуваше во витрините на МЗТ Скопје, екипа која е најтрофејна во ова натпреварување во вкупно 13 пехари.

Распоредот посака токму најтрофејните, бранителот МЗТ Скопје и Работнички, кој десетпати го освојуваше Купот на Македонија, да играат уште во четвртфиналето, а интересни ќе бидат и останатите три дуела.

Распоред – четвртфинале:

12:00 ТФТ – Феникс
14:30 МЗТ Скопје – Работнички
17:00 Кожув – Маџари
19:30 Пелистер – Куманово

Ова ќе биде 33-то издание на Купот на Македонија. Најтрофеен е МЗТ Скопје со 13 титули, следува Работнички со 10, Фени Индустри (Тиквеш) и Никол Ферт имаат по два трофеи, додека по еднаш го имаат освојувано Купот екипите на Деликатес од Кочани, Амак СП од Охрид, Карпош Соколи и ТФТ.

- Оглас -

Најнови вести