Осумте саботни и петте неделни натпревари чекаат добитник на 13-ка на Спортска прогноза

Доколку имате СЛ картичка, а уште не сте прогнозирале на мечевите од 7-мото коло во седмата сезона на Спортска прогноза, направете го тоа, бидејќи крајниот термин е до денеска во 15 часот кога почнува првиот меч од основната понуда.

Во Среќна 13-ка се натпревари од фудбалските топ лиги во Европа, а ваше е дали ќе го послушате својот инстинкт или ќе ќе се придружите на мнозинството од илјадници играчи кое има свои фаворити на голем број мечеви од понудата.

Од денешните мече, главен фаворит на прогнозерите е Јувентус кој игра дома со Лацио. За победа на Јуве типувале дури 81,7% од играчите. За ниту еден друг пар не е толку голем процентот. Има и два саботни пара (Џенова – Болоња и Осасуна – Бетис) кај кои најмногу играчи се определиле да типуваат на нерешено.

Што се однесува до мечевите кои се играат утре, прогнозерите најмногу им веруваат на Ливерул кој е домаќин на Челзи, и на Интер кој гостува кај Рома.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

Резервните парови исто така треба да се одиграат, тие се сметаат во генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести