28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Освен Интер, на останатите четири меча домаќините се фаворити

3615 Удинезе – Интер (20:45 ч.)

На Удинезе „му гори под нозе“ затоа што има само три бода повеќе од Фрозиноне, кој е во зоната за испаѓање. Тимот од Удине е очаен кога игра на домашен терен и има само една победа во 15 меча и со освоени само 12 бода е вториот најслаб домаќин.

Удинезе е експерт за нерешени, има дури 16 ремија во 30 кола сезонава и е со еден од најслабите напади. Интер доминира и ќе биде новиот првак на Италија, а сезонава Нераѕурите на гости имаат дури 12 победи и само две нерешени без ниту еден пораз.

Во последните девет меѓусебни дуели, Интер има седум победи, Удинезе се радувал еднаш, а еднаш било и нерешено.

Предлог тип: 2&0-3 (2.21)

 

2806 Брондби – Силкеборг (19 ч.)

Брондби е лидер во првенството на Данска и е голем фаворит против овој ривал, кој е далеку на шестото место без никакви шанси да се бори ниту за излез во Европа. И традицијата е на страната на домаќините затоа што имаат четири победи во последните пет дуели против Силкеборг, а на пет од последните шест меча било барем со три гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.05)

 

5251 Ал-Ахли – Енпи (22 ч.)

Малку неверојатно делува дека Енпи е втор, а Ал-Ахли дури на 11-тото место, но факт е дека египетскиот гигант има одиграно само осум од 16-те меча во првенството. Доколу Ал-Ахли влезе во серија победи, сигурно ќе избие на првото место на табелата, каде што и најчесто се наоѓа.

Токму затоа Ал-Ахли и сега е во улога на фаворит, а и традицијата е неумолива. Неверојатни 14 победи по ред има Ал-Ахли во дуелите со Енпи, а најчесто имало од 2-3 гола.

Предлог тип: 1&2-3 гола (2.75)

 

1720 Оксер – Троа (20:45 ч.)

Лидерот во втората француска лига, екипата на Оксер сигурно граби кон елитното друштво за следната сезона. Троа е ривал кој се мачи да обезбеди опстанок и едноставно домаќините тука треба да ги потврдат квалитетот и разликата што се покажува на табелата.

Според традицијата и актуелната форма на двата тима, не треба да се очекуваат многу голови.

Предлог тип: 1&0-3 (2.30)

 

2437 Оцелул – Динамо Букурешт (19:30 ч.)

Меч од групата за испаѓање во романското првенство. Оцелул и Динамо минатата сезона играа во втора лига, па се изборија за влез во елитата, а сега повторно се во опасност да испаднат.

Оцелул подобро котира и засега е сигурен, додека Динамо само со 16 бода е на претпоследното место. Ова е меч на две екипи кои голгетерски не се многу доброрасположени.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.88)

 

 

- Оглас -

Најнови вести