Во ЛШ ќе има шоу, а играат и најтрофејните клубови во Аргентина и Боливија

4205 Сан Лоренцо – Бока јуниорс (21:30 ч.)

Аргентинскот гигант Бока јуниорс не ја започна сезоната како што посакува, па по 10 кола има само 14 бода, додека Сан Лоренцо има одличен биланс, па моментално е втор на табелата со 20 бода.

Сан Лоренцо ја има најдобрата одбрана сезонава и досега прими само пет гола. На пет од последните шест дуели на овие два тима, на крајот имало од 2-3 погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (2.01)

 

4791 Либертад Гран Маморе – Боливар (21 ч.)

Најтрофејниот клуб во историјата на боливискиот фудбал вечерва игра на гости. Боливар и оваа сезона ја започна убедливо и во седум меча веќе има шест победи.

Додека поинаква е ситуацијата кај Либертад Гран Маморе, кој со 21 примен гол во седум меча (просек по три гола на меч) тешко дека може да му парира на фаворитот.

Предлог тип: 2&2-4 (2.04)

 

6002 Реал Мадрид – Челзи (21 ч.)

Овие две екипи играа минатата година во четвртфиналето од ЛШ, каде што по 180 минути беше 4:4, па мораа да се играат дополнителни 30 минути во кои Карим Бензема погоди за радост на Реал и пласман понатаму.

Според резултатите од оваа сезона, Реал сега мора многу полесно да се справи со англискиот тим, кој во последните 15 меча има само четири победи, шест порази и пет нерешени.

Предлог тип: 1-1 (2.65)

 

6001 Милан – Наполи (21 ч.)

Милан има само една победа во последните шест меча и токму тој триумф е убедлив, и тоа против Наполи на „Диего Армандо Марадона“ со 4:0. Наполи е како машина за победи и во последните 16 средби се радувал дури 13 пати.

Сепак, ова е дуел од ЛШ и тука мотивот е многу поинаков. Ако се знае дека Наполи игра отворен фудбал, сигурно и Милан нема да калкулира и може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.21)

 

3138 Радник – Напредак (18 ч.)

Дуел на две екипи на кои најтешко им е да постигнат погодок. По 29 кола, Радник има само 20 погодоци, а Напредак досега постигна 22 погодока, па не е чудо што се во долниот дел од табелата во првенството на Србија.

Напредак на гости има 10 порази од 14 средби, но Радник не е некој опасен домаќин. Во изминативе година и пол овие две екипи имаат одиграно три меча и вкупно беа постигнати два гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.78)

 

- Оглас -

Најнови вести