0.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Tренерoт во Сити не ја крие љубовта и кон уште еден клуб

Пеп Гвардиола со Манчестер сити денеска ќе игра во полуфинале од ФА Купот против Брајтон. Фактот дека игра со клуб кој не е од Премиер лигата, го прави Сити огромен фаворит за пласман во финалето, но сепак „граѓаните“ треба на терен да си ја завршат работата. Дуелот против Брајтон е од 18:30 часот, а Гвардиола сигурно ќе се потруди да нема драма и по 90 минути да ја заврши работата, за да може потоа да се фокусира на друг меч.

Некогашниот тренер на Барселона не крие дека каталонскиот гигант уште е „негов клуб“, па затоа реши и да го искоментира дербито кое вечерва се игра на „Камп Ноу“, каде ќе гостува Атлетико Мадрид.

„Се надевам дека ќе победи мојот тим и уште повеќе ќе се приближи кон освојување на титулата. Барселона е фаворит, но Диего Симеоне е одличен тренер и секогаш знае да направи неговиот тим да биде многу опасен на вакви средби“, рече некогашниот стратег на Барса.

- Оглас -

Најнови вести