Освен во Топ 5 лигите, драматично е и во Данска и Белгија

1010 Ливерпул – Евертон (17:30 ч.)

Минатата сезона Евертон славеше на „Енфилд роуд“, но сега тоа ќе биде невозможна мисија. Ливерпул е во трка за титулата, а Карамелите се борат за опстанок, па вистински луксуз ќе биде тимот на Јирген Клоп да не ги освои трите бода.

На последните шест меча во сите натпреварувања Ливерпул постигна вкупно 17 голови, односно речиси три по меч во просек, што само е најава за нова офанзивна игра на фаворитот.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.72)

 

1710 Реимс – Марсеј (20:45 ч.)

Интересно е дека Реимс има подобар билас во последните шест дуели со Олимпик (две победи, три реми и само еден пораз). Фаворитот од Марсеј е сигурен на второто место на табелата, а Реимс е сигурен дека нема да испадне.

Кога играат овие два тима најчесто има меѓу два и три погодоци, па тука ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

 

3008 Емполи – Наполи (15 ч.)

На осум од последните 11 меѓусебни средби имало барем по четири голови, што е најава дека може да има интересен меч и денеска. Наполи има пет победи, Емполи се радувал три пати, а три средби завршиле нерешен во овој период.

Доколку Наполи не победи на овој меч, тимот во чии редови поради повреда денеска ќе бо нема Елиф Елмас, ќе може да се прости од трката за титулата.

Предлог тип: ГГ3+ (1.96)

 

1658 Ројале Унион – Андерлехт (18:30 ч.)

Тимот на Ројале Унион е лидер во Белгија, но трката за титулата е драматична затоа што Бриж е на три бода, додека Андерлехт заостанува седум бодови. Со пет победи и две реми во последните седум кола, Ројале само го потврдува квалитетот.

Дури 78 гола во 34 меча даде лидерот во Белгија, а ефикасен е и Андерлехт со 72 погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.73)

 

2804 Копенхаген – Рандерс (16 ч.)

Копенхаген дома не смее да киксира ако сака да ја задржи предноста на табелата во трката за титулата. Рандерс е најслабата екипа која е дел од плејофот и нареди три порази во низа.

Копенхаген сезонава дома има осум победи, четири реми и само еден пораз и е фаворити за трите бода, во меч на кој треба да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)

- Оглас -

Најнови вести