Факундо Фереира го одигра првиот меч за Селта и само за 15 минути настап против Атлетико Мадрид покажа дека ќе биде засилување за тимот од Виго.
Го постигна и првиот гол за шпанскиот прволигаш, откако пристигна од Бенфика и донесе голем бод за Селта. Фереира беше прецизен во 89-тата минута за израмнување на 2:2, што беше и конечен резултат на „Ванда Метрополитано“.
Ферерира е познат по маската што ја носеше по постигнувањето на головите за Њукасл, Бенфика и Еспањол со познатиот стрип и филмски лик на Одмаздникот Зоро.
Сега го казни лидерот на табелата во Ла Лига, кој се задоволи со пресвртот со головите на Луис Суарес и откако поведе со 2:1, се повлече на својата половина. Тоа го искористи Аргентинецот и по асистенцијате на Солари, ѝ донесе многу важен бод на Селта.
Тимот од Виго се задржа во златната средина на табелата со 26 бода, а Атлетико остана на првото место со 51 бод, осум повеќе од Барселона и Реал Мадрид и девет пред Севилја, но има одиграно меч помалку од трите главни ривали за титулата во Шпанија.