Освоено највредносто злато на Игрите, чини неверојатни 768.000 долари!

На златен медал се израдуваа и спортските фанови во Хонг Конг. Мечувалката Вивиан Ваи Ман Конг блесна и го освои златото кое многу веројатно е дека ќе биде највредното на овие Игри.

Вивиан која има 30 години го освои првиот голем медал во кариерата и тоа злато на ЛОИ. Кинеската провинција од 1952 година учествува на ЛОИ, а ова е само трето злато во нивната историја.

Од Хонг Конг најавија дека освоено злато на спортист под тоа знамето ќе вреди неверојатни 768.000 долари, колку што и е премијата која треба да ја добие Вивиан по враќањето во својата земја.

Освен Хонг Конг, слични парични награди ветија и од Саудиска Арабија, но засега спортисти од оваа земја немаат освоено злато на Игрите во Париз.

- Оглас -

Најнови вести