Oсвои ЛШ, па се пензионира само на 33 години, а оттогаш нема стапнато на стадион

Многу фудбалери играат и играле фудбал само затоа што тоа им е „работа“. Еден од нив е Раул Меирелеш, кој се пензионира само на 33 години, иако претходно освои трофеј во Лигата на шампионите со Челзи, а настапуваше и за Ливерпул, Фенербахче и Порто.

„Во овој момент и во блиска иднина не сакам да имам никаква врска со фудбалот. Гледам многу малку фудбал, но и кога играв, гледав многу малку. Гледав само кога правевме анализа на противникот, но само дека тоа ми беше работа. Откако престанав да играм, никогаш не бев на стадион. Завршувањето на репрезентативната кариера можеби ме натера да го оставам фудбалот, репрезентацијата отсекогаш беше мојата најголема страст. Никогаш нема да бидам тренер, тешко е да се управува со луѓе.“ рече Меирелеш во едно од ретките интервјуа кое го даде откако во 2016 замина во фудбалска пензија.

Сепак, иако Меирелеш вели дека репрезентацијата му била најголема страст, тој не беше дел од генерацијата која дојде до трофејот од Европското првенство во 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести